Бизнисмените од северозападна Македонија ќе се обучуваат за производство на безбедна храна

26.03.2014 14:45

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи потпишаа договор за соработка со цел да им се помогне на производителите на храна да ги применуваат законите и европските стандарди во процесот на производството.

Бизнисмените ќе формираат групи кои ќе работат на дефинирање на проблемите за нивно побрзо разрешување. Агенцијата за храна ќе им помага во толкувањето на законите и како полесно да ги усогласат со европските стандарди. Работните групи и претставниците на Агенцијата ќе се среќаваат еднаш месечно за постапно и полесно функционирање, затоа што работата со одредени прехранбени производи не трпи одложување. Вакви меморандуми  претходно беа потпишани со Стопанската комора, а наскоро се планира да се потпише и со Сојузот на стопанските комори.

Соња Стојановска