Малата сала во „Борис Трајковски“ ќе се отвори за вакцинација, препорака и прележаните да се вакцинираат побрзо
Од средината на наредната недела ќе се отвори вакциналниот пункт „Борис Трајковски“ поради големиот инетерс на граѓаните да се имунизираат. Филипче апелира - прележаните од ковид да се вакцинираат порано. Природниот имунитет со тек на време се намалува, вакциналниот е потраен. Состојбата во болниците засега под контрола, вели министерот за здравство...

Природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а вакциналниот е траен. Препораката за вакцинација 45 дена по прележувањето на коронавирус која ја разбранува стручната јавност останува на сила, бидејќи е донесена врз основа на научни студии, вели министерот Филипче.
Филипче појасни, за една доза која се бара за влез во угостителски објекти, настани, целта е за што пократко време да се имнузираат граѓаните. Со една доза граѓаните немаат имунитет, почнат е процесот на вакцинација. Вели, тоа го покажуваат податоците од терен. Вчера се имнизирани над 17.000 граѓани. Тоа ја нематенало потребата кон средина на неделата да се отвори спорсткиот ценатр „Борис Трајковски“. Во однос на тоа дали свадбите на затворено требаше да се дозволат, министерот вели тогаш состојбата со Ковид – 19 беше стабилна.
Филипче кажа дека преоптоварени се болниците во Тетово и Гостивар, делумно во Кичево и Струга. Инфективната клиника во Скопје е целосно исполнета, со модуларната болница, како и Институтот за туберкулоза, а од денеска почнува да прима пациенти со Ковид-19 и болницата за рехабилитација во Козле. Засега нема карантин за Тетово и Гостивар, бидејќи намерата на надлежните е да се зголеми вакцинацијата.
Наташа Јанчиќ Менковски
