ЕБР одбележува 20 години од формирањето

23.08.2021 09:17

Свеченоста ќе се одржи во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје, а на настанот обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и командантот на ЕБР, Вице Столески.

Единицата за брзо распоредување – ЕБР при Министерството за внатрешни работи денеска со пригодна свеченост, почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, ќе одбележи 20 години од формирањето.

Свеченоста ќе се одржи во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје, а на настанот обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и командантот на ЕБР, Вице Столески.

Свеченоста може да ја следите во живо на првиот програмски сервис на МРТ.