Новите мерки го зголемија интересот за вакцинација, околу 40% од граѓаните во земјава имунизирани
Четвртиот бран на Ковид-19 се шири. На сила рестриктивните мерки. Зголемен интерес за имунизација. Од понеделник до сабота, метеж пред вакциналните пунктови. Малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“, најдоцна до четврток повторно ќе биде вакцинален пункт. Преку вакцинација до колективен имунитет, за побргу да излеземе од ковид кризата, велат здравствените власти...

Околу 40 проценти од граѓаните во државава се имнузирани. Уште толку недостига до стекнување на колективен имунитет од 80 проценти. Aнтиковид мерки кои се на сила една недела го зголемија интерсот за имунизација. Тоа ја наметнa потребата за отворање на пункт во спорсткиот центар „Борис Трајковски“.
Од понеделник до сабота пред пунктовите туракници. Во една смена се имунизираат околу 1.500 граѓани.
Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 54% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Околу 50 проценти е опфатот со вакцинација во Охрид, Битола,Штип, Пробиштип, Кавадарци. Изминативе две недели близу 10.000 граѓани беа регистрирани како позитивни на Ковид-19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани. Процентот на хоспитализираните кои се невакцинирани изнесува 91%.
Наташа Јанчиќ Менковски
