Граѓаните од денеска можат да ги подигаат новите лични карти

23.08.2021 09:46

Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.

Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.

МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани. За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите.

Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.