Бундесвер: Eден загинат, тројца повредени во Кабул

23.08.2021 10:05

Според информацијата која Бундесверот ја објави на социјалните медиуми, престрелката се случила околу 4 часот и 15 минути по локално време на северната порта на аеродромот. Нема повредени германски војници.

Во престрелка на авганистанските безбедносни сили, германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, бил убиен еден авганистански војник, а тројца биле ранети.

Според информацијата која Бундесверот ја објави на социјалните медиуми, престрелката се случила околу 4 часот и 15 минути по локално време на северната порта на аеродромот. Нема повредени германски војници.

На аеродромот во Кабул илјадници луѓе се уште чекаат да заминат од Авганистан. Насекаде околу аеродромот владее хаос, постои голема загриженост поради опасност од напади.