Путин: Да се спречат борците маскирани како бегалци
23.08.2021 10:57
Западните партнери инсистираат на прифаќање на бегалци во земјите од Централна Азија додека не добијат виза за САД или други земји.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека треба да се спречи доаѓањето на бегалците од Авганистан, меѓу кои може да се кријат „маскирани борци“, по преземањето на земјата од страна на Талибанците.
Рече дека западните партнери инсистираат на прифаќање на бегалци во земјите од Централна Азија додека не добијат виза за САД или други земји.
Рускиот претседател потсети дека неговата земја со години се бори со екстремистичките герилци на Кавказ.
