Продолжен карантинот на Нов Зеланд
23.08.2021 11:20
Нов Зеланд беше ставен во тежок карантин во рок од само неколку часа откако претходно неделава беше откриен еден случај.

Нов Зеланд ќе го продолжи локдаунот на национално ниво за уште четири дена поради битката со пандемијата со Ковид-19.
Нов Зеланд беше ставен во тежок карантин во рок од само неколку часа откако претходно неделава беше откриен еден случај.
Веднаш се затворија сите училишта и несуштински бизниси. Премиерката Џacинда Ардерн изјави дека официјалните претставници преземаат претпазлив пристап кон олеснување на ограничувањата.
