Пониски цени на горивата од полноќ
Според Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за денар.

Од полноќ пониски цени на горивата. Според Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за денар.
Еуросупер БС-95 ќе се продава за 70,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 61,00 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98, се намалува за денар и пол и ќе изнесува 72,00 денари. Цената на Еуродизелот ќе биде пониска за половина денар и ќе изнесува 61,50 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 0,751 денар/килограм.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,58%.
