За избор на претседател право на глас ќе имаат 1.779.572 граѓани
Државната изборна комисија(ДИК) го заклучи избирачкиот список според кој на претседателските избори, закажани за 13 април, претседател ќе избираат 1.779.572 граѓани...

Комисијата до конечната бројка дошла откако претходно ги доби и последните информации од Државниот завод за статистика.Од ДИК соопштија дека во посебните избирачки списоци се запишани 1.707.228 гласачи.
Според податоците на ДИК на привремена работа во странство се 70.305, а од нив 8.332 се пријавиле да гласаат во дипломатско конзуларните претставништа.
Предвидено е членовите на избирачките одбори да гласаат на избирачко место во ДИК пред заминувањето во македонските Дипломатско - Конзуларни претставништва.
На 12 април ќе гласаат 39 внатрешно раселени лица и 1.706 затвореници.
Од ДИК информираат дека очекуваат зголемување на бројот на гласачи од дијаспората за време на предвремените парламентарни избори
