САД бара повеќе време за евакуација од Авганистан
Франција, Британија и Германија веќе размислуваат за продолжување на рокот 31 август, во пресрет на утрешниот самит. Талибанците пак, порачаа дека доколку Бајден го продолжи рокот, тоа ќе претставува прекршување на нивниот договор.
Американскиот претседател Бајден е под голем притисок од јавноста, бидејќи САД бараат уште време за да ја извршат целата евакуација од Авганистан.
Франција, Британија и Германија веќе размислуваат за продолжување на рокот 31 август, во пресрет на утрешниот самит. Талибанците пак, порачаа дека доколку Бајден го продолжи рокот, тоа ќе претставува прекршување на нивниот договор.
А во Кабул и на аеродромот и натаму хаос. Десет илјади луѓе се евакуирани од главниот град, а илјадници други кои се обидуваат да избегаат се заглавени на аеродромот.
