Владата ќе ја одржи редовната 101-ва седница
Согласно Дневниот ред, на седницата ќе биде разгледана и Информација за ставање на вино во промет и извоз, произведено од винско грозје од берба 2020 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата денеска со почеток во 12 часот ќе ја одржи редовната 101-ва седница, на која ќе биде разгледана Информација со Извештај за реализирани активности за 2020 година од Националната стратегија за развој на концептот за „Едно општество за сите и интеркултурализам“ и Акциски план за спроведување на стратегијата за 2021-2022 година.
Согласно Дневниот ред, на седницата ќе биде разгледана и Информација за ставање на вино во промет и извоз, произведено од винско грозје од берба 2020 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На оваа седница ќе биде разгледана Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за Црноморска економска соработка.
