Настава на мајчин јазик во дијаспората

24.08.2021 09:42

Во дворот на училиштето, каде се изведува наставата, била организирана приредба, на која настапиле учениците со рецитал, македонски песни и ора. Во оваа пригода е одбележана и сто годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура, Блаже Конески.

Завршувањето на учебната година се одбележува во дијаспората. На учениците, кои посетуваа дополнителна настава по македонски јазик во Локарно, Швајцарија, им биле доделени потврди и книги, за завршување на учебната 2020/2021 година.

На свеченоста присутните биле поздравени и од градоначалникот на Муралто, д-р Стефано Џиладо.

Во дворот на училиштето, каде се изведува наставата, била организирана приредба, на која настапиле учениците со рецитал, македонски песни и ора. Во оваа пригода е одбележана и сто годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура, Блаже Конески.

Оваа манифестација, можност и за дружење на децата и родителите, кои приготвиле и македонски специјалитети. 

Слични свечености по повод завршувањето на учебната година, се оддржани и во други места во дијаспората.

 

Аида Николовска