Коронавирус

Научниците открија зошто делта сојот е позаразен

24.08.2021 10:16

Делта варијантата е позаразна од претходните, за околу 40 проценти од алфа сојот...

Секоја промена на вирусот Сарс-ков-2 прави истиот да биде поинфективен, а луѓето потоа се соочуваат со уште поагресивен вирус. Делта варијантата е позаразна од претходните, за околу 40 проценти од алфа сојот.

Виролог од универзитетот во Тексас, со неговиот научен тим утврди дека мутација, која менува само една аминокиселина во протеинот е забележана во семејството на коронавируси во кои спаѓа овој вирус. Клучната промена помага вирусниот протеин побрзо и поефикасно да се процесира со помош на нашите ензими.