Велика британија
„Скај“: Лице од црната листа долетало од Авганистан
24.08.2021 10:27
Владата соопшти дека во Авганистан име луѓе кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност. Според информациите пет лица на црната листа се обиделе да го напуштат Авганистан со британска помош...

Лице од црната листа на кое му е забранет влез во Обединетото Кралство долетало со воен авион од Авганистан во земјата како дел од евакуацијата од аеродромот во Кабул, јави „Скај Њуз“.
Владата соопшти дека во Авганистан име луѓе кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност. Според информациите пет лица на црната листа се обиделе да го напуштат Авганистан со британска помош.
Четворица биле запрени, додека петтото лице успеало да се пробие до Бирмингем.
