Стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци
Се изврши усогласување со општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и на Советот за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.

Од денеска примена на новиот закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјава да се прилагодат на промените.
Се изврши усогласување со општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и на Советот за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.
Со новиот закон, секоја компанија, без ралика дали е мала, средна или голема, институција или организација, ќе мора да има офицер за заштита на лични податоци, а контролорот на податоците ќе мора да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и прилагодување на својот воспоставен систем за заштита на личните податоци.
