Квалификации за ЕП во ракомет за жени

26.03.2014 15:31

Покрај натпреварот меѓу селекциите на Русија и Македонија во Ростов, со кој нашите ракометарки ги започнуваат квалификациите за пласман на Европското првенство кое во декември ќе се одржи во Хрватска и во Унгарија, во текот на денов се играат уште шест дуели во седумте групи.

Во 3 коло од групата 2 играат Финска – Словачка, и Исланд – Франција. Французинките со 4 бода се лидери на табелата, пред Исланд и Словачка со по два. Во групата 3 двојките се Чешка – Црна Гора и Португалија – Полска, во ситуација кога Чешка и Црна Гора досега остварија по две победи.  Во групата 4 Холандија ја пречекува Шпанија, каде што двете селекции остварија по две победи во претходните два меча. Конечно, во групата 6 Норвешка е домаќин на Белорусија. Оваа група има само три репрезентации, а Норвежанките во првите две соочувања постигнаа две победи над Романија, додека за Белорусинките ова же биде прв натпревар во квалификациите. Преостанатите натпревари од оваа рунда на програмата се утре.