Израел

Воени авиони го нападнаа појасот Газа

24.08.2021 12:10

Погодена била фабрика за оружје на Хамас во јужниот дел на појасот, влез во тунел во Џабалија и подземен ракетен фрлач во густо населена населба во градот Газа.

Израелската армија изврши воздушни напади врз Појасот Газа како одмазда за запаливите балони пуштени од палестинска територија, кои предизвикаа најмалку девет пожари во јужен Израел.

Погодена била фабрика за оружје на Хамас во јужниот дел на појасот, влез во тунел во Џабалија и подземен ракетен фрлач во густо населена населба во градот Газа.

Нема извештаи за жртви од нападот, но има материјална штета.