Расте бројот на заразени со Ковид-19 во Велес, ковид- центарот половично исполнет
Ковид- центарт во велешка болница половично исполнет, бројот на позитивни на корона вирусот постојано во пораст, но далеку од загрижувачки. Минатата седмица во велешко вакцинирани 4.200 лица...

Капацитетот на ковид- центарот во Велес, Инфективното одделение, е половично исполнет. Иако бројот на згрижени пациенти постепено се зголемува, Велес и велешко се далеку од состојбата со ковид заразата за разлика од неколкуте македонски градови, каде е загрижувачка. Заклучно со вчера во велешко, заедно со Чашка и Градско, има 123 активни случаи, а во болница се згрижени 25 пациенти, 10 од нив се на кислородна поддршка.
На одделението освен од Велес сместени се и пациенти од Свети Николе, а измината седмица двајца од нив и починаа. Капацитетот на Инфективното одделение е 54 кревети, а доколку е потребно и има наплив на пациенти, подготвена е да ги прими и модуларната болница, која има 42 кревети.
Истовремено продолжува и вакцинацијата во градот. Измината седмица дури 4.200 лица се вакцинирале, повеќето со прва, а други со втора доза вакцина против Ковид-19.
Повеќето од ново вакцинираните биле млади лица, на возраст од 18 до 30 години, а интерес покажувале и деца средношколци, кои со родител доаѓале да се вакцинираат.
Петар Печков
