Состанок на Комисијата за заштита од заразни болести, ќе се анализираат епидемиолошките мерки
Ќе се разгледуваат барањата за дозвола за влез во угостителски објекти и настани со негативен ПЦР тест, наместо само со вакцинален сертификат...

Дали ќе има измени или проширување на рестриктивните мерки ќе се знае по денешниот состанок на Комисијата за заштита од заразни болести. Ќе се разгледуваат барањата за дозвола за влез во угостителски објекти и настани со негативен ПЦР тест, наместо само со вакцинален сертификат.
Деновиве на Главниот кризен штаб се разгледувала оцијата за бесплатни тестови за Ковид-19 за влез во угостителските објекти и на организирани настани, но тоа не е прифатено. Министерот Филипче смета дека актуелните мерки кои се во сила, треба да продолжат и натаму, се додека не се зголеми колективниот имунитет.
Од 16-ти август во земјава е потребен сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19 за влез во ресторани, концерти или спортски настани.
