Ковид-19

Стевановиќ: Делта сојот досега најзаразен и најмоќен, ја напаѓа и помладата популација

24.08.2021 13:14

Четвртиот бран ги наполни инфективните одделенија и модуларните болници. Здравството повторно се мобилизира. Пациентите примени на Инфективна во најголем број се невакцинирани и со тешка или средно тешко клиничка слика. Директорката Стевановиќ за МТВ објаснува дека делта сојот ја напаѓа и помладата популација...

Млади луѓе со сериозна клиничка слика е првата карактерситика што директорката на Инфективната клиника ја извојува кога станува збор за делат сојот, кој не само што ги наполни болниците туку и ја зголеми и ковид статистиката на починати. Оваа мутација досега е најразаразна и најмоќна, додадва Стевановиќ. Тешка состојба се јавува и кај пациенти кои немаат коморбидитети.

На Инфективна клиника околу 100 пациенети се прегледуваат само во ноќна смена. За да се амортизира напливот на пациентите во болниците апелира пациентите кои имаат позитивен тест, а немаат симптоми ги прегледа само нивниот матичен лекар и тој да ја следи нивната состојба.

Спас од Ковид – 19 е имунизацијата. Никој не рекол дека било која вакцина од било која болест штити 100 проценти, објаснува Стевановиќ. Појаснува дека починатите на оваа клиника не биле вакцинирани.

Околу 160 пациенти се хопитализирани на Инфективната клиника и во модуларната болница. Најголем дел од нив се на кислородна поддршка.

Наташа Јанчиќ Менковски