Ковид-19

Расте бројот на заразени, модуларната болница во Струга полна со пациенти

24.08.2021 13:52

Расте бројот на заболени, а расте и притисокот врз болниците. Модуларната болница во Струга полна со пациенти, останаа уште три слободни места. Заболени од корона вирусот ќе се лекуваат и на Интерното одделение во струшката болница. Во охридската болница згрижени 32 пациенти со корона вирусот...

Се наполни модуларната болница во Струга. 32 лица се хоспитализирани, останаа уште три слободни кревети. 22 пациенти се на кислородна поддршка, а најмладиот има 38 години. Седум од хоспитализираните биле вакцинирани со две дози, но тие се постабилни и со полесна клиничка слика.

Кадровскиот потенцијал добро се менаџира, имаме распоред, ротираат. Имаме еден инфектолог, седум интернисти, имаме зајакнување од специјализанти кои што се вратени и се вклучени во справување со ситуацијата“, вели Арменд Арслани директор на струшка болница.

Се прават подготовки и интерното одделение во струшката болница повторно да биде Ковид центар 2. Таму има дополнителни 30 кревети за згрижување на позитивни пациенти.

„Го имаме и инетрното одделение кое е подготвено и рсполага со 30 кревети од кои 7 се снабедни со централен довод на кислород и немаме моментално таму хоспитализирани пациенти“, додава Арслани.

Во Струга во моментов има 322 активни случаи на корона вирусот, а во Охрид 303. 32 лица се хоспитализирани во модуларната болница во Охрид, а четворица од нив биле вакцинирани со две дози. Според лекарите имунизираните се во постабилна состојба.

 

Соња Рилковска