За едно деноноќие починаа 10 пациенти во Тетово, меѓу нив и 36-годишна жена
Сѐ полоша состојбата во Клиничката болница Тетово. Изминатово деноноќие починаа 10 пациенти, меѓу кои и 36- годишна жена. Црните сценарија ќе продолжат и понатаму, со оглед на бројот на амбулантски прегледи- речиси 250 на ден, сите со симптопми на вирусот...

Починатите пациенти биле со коморбидитети, а кај голем дел од нив тешка клиничка слика се појавила многу брзо. 36- годишната жена ја загубила битката со вирусот, веднаш по приемот.
Хоспитализирани се 120 пациенти со тешка состојба, а вчера биле примени нови 18. Бројот на амбулантски прегледи од ден на ден расте, со симтоми на вирусот за еден ден прегледани се 250 лица.
Починатите немале примено вакцина, а над 90 % од хоспитализираните не се имунизирани. Здравствените работници и Кризниот штаб на Општина Тетово, апелираат на што поскора вакцинација. За таа цел се најавува и отворање на нови пунктови.
Оттаму упатија апел до матичните лекари да волонтираат во Здравствениот дом во Тетово, со цел да помогнат во процесот на вакцинација. Граѓаните пак да покажат поголема одговорност и да не создаваат непотребни редици и собири во Клиничката болница и регионалниот пункт за имунизација.
Зоран Димовски
