Ивон на проштална средба со Претседателот на македонското Собрание

26.03.2014 15:44

Aмбасадорот Кристофер Ивон го изразил своето задоволство од соработката со Собранието на Република Македонија и со претседателот Вељаноски која ја имал во својот мандат.

Тој посочил  дека соработката се одвивала на исклучително високо ниво со разбирање и пријателство. Претседателот Вељаноски се согласил  дека двете земји имаат пријателски односи и изразил  надеж дека и во иднина ќе продолжи поддршката која Обидинетото Кралство и ја дава на Република Македонија .

На средбата се разговарало  и за претстојните предвремени парламентарни избори и изборот за претседател на Република Македонија, за кои претседателот Вељаноски посочил  дека најважно е да поминат во најдобар ред, без инциденти и да биде почитувања волјата на граѓаните на земјата кои го прават изборот.

Амбасадорот Ивон истакнал  дека по завршувањето на изборите Република Македонија, односно Собранието на Република Македонија ќе го посети делегација од Парламентот на Обидинетото Кралство и на тој начин ќе продолжи континуитетот на соработка на двата парламенти.

Од страна на претседателот Вељаноски било  истакнато дека е исклучително важно целиот регион и Република Македонија да бидат интегрирани во НАТО и Европската унија, бидејќи на тој начин ќе се покаже желба за безбеден и стабилен регион. На крајот на средбата Вељаноски му посакал н успешна работа на амбасадорот Ивон во неговите идни задолженија.