„Стандард и пурс“

Македонската економија се опоравува од последиците од пандемијата

24.08.2021 14:16

Во извештајот на „Стандард и Пурс“ се вели дека македонската економија се опоравува од последиците од пандемијата. Позитивно влијаеле владините мерки за поддршка на стопанството и закрепнувањето на побарувачката.

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Во извештајот се вели дека македонската економија се опоравува од последиците од пандемијата. Позитивно влијаеле владините мерки за поддршка на стопанството и закрепнувањето на побарувачката.

„Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата. Очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од здравото закрепнување на странската побарувачка, како и приватната потрошувачка, од владините мерки за поддршка на стопанството коишто го ублажија расположливиот доход“, се вели во извештајот.

Според „Стандард и Пурс“ банкарскиот систем во земјава е стабилен, висококапитализиран и профитабилен. Стапката на нефункционални кредити е ниска. Кредитната агенција не очекува флуктуации на девизниот пазар, односно курсот на денарот останува стабилен. Очекувањата се дека државниот долг ќе достигне 58 проценти од БДП до 2024 година. Очекувањата за инфлацијата на „Стандард и Пурс“ за годинава соодветствуваат со проекцијата на Народната банка од 2,2%.

 

Дијана Ценевска