Легислатива

И граѓаните и компаниите ќе имаат придобивки од новиот Закон за заштита на лични податоци

24.08.2021 15:13

Од денеска примена на новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјава да се прилагодат на промените. Секоја компанија, институција или организација, ќе мора да има офицер за заштита на лични податоци. Првите шест месеци од имплементацијата на законот ќе се искористат за едукација и корективни мерки...

Со новините во Законот за заштита на лични податоци, придобивки ќе имаат и компаниите и граѓаните. Заменик директорот на Агенцијата, Кузески, за МТВ вели дека идејата е да се утврдат правила на игра кои ако се почитуваат, ќе се минимизираат злоупотребите на податоците. Тврди дека со новиот закон се зајакнува правото на приватност, а граѓанинот одлучува на кого ќе ги даде податоцит и за која цел.

Новина се и зајакнатите ингеренции на офицерот за заштита на лични податоци. Но, не сите компании ќе имаат обврска да имаат ваков контролор, туку само оние кои што имаат обработка на податоци од обемен карактер, објаснува Кузески.

Во наредните шест месеци Агенцијата ќе спроведува редовни супервизии и ќе се изрекуваат корективни мерки, а не казни- појаснува Кузески.

Со новините, глобите се поправедни- велат од Агенцијата. Тие изнесувааат до 2% и до 4% проценти од приходот на компанијата.

 

Викторија Милевска