Варшава

Полска крева ѕид на границата со Белорусија

24.08.2021 15:54

Од кабинетот на полскиот премиер потврдуваат дека Полска и балтичките земји ќе ги бранат своите граници кои истовремено се и надворешните граници на Европската унија.

Полска ќе подигне ѕид висок 2,5 метри на границата со Белорусија и ќе го зголеми бројот на војници кои и помагаат на полската гранична служба, за да спречи влез на беглаци кои со зголемено темпо доаѓаат од Белорусија.

Од кабинетот на полскиот премиер потврдуваат дека Полска и балтичките земји ќе ги бранат своите граници кои истовремено се и надворешните граници на Европската унија.

Минатата година на границата меѓу Полска и Белорусија биле задржани 122 лица за обиди за нелегално минување на границата, додека годинава биле задржани 780 странци.