Од 1-ви ноември годинава нискобуџетската „Изи Џет“ ќе лета на релација Скопје – Женева

24.08.2021 16:32

Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе зголемување на три лета неделно, а летот ќе трае два часа и 15 минути.

Нискобуџетската авиокомпанија „Изи Џет“ од Велика Британија официјално од 1-ви ноември годинава ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева, Швајцарија.

Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе зголемување на три лета неделно, а летот ќе трае два часа и 15 минути.

Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува „exyuaviation.com“.