Нови детали за несреќата на Шумахер

26.03.2014 16:13

Михаел Шумахер бил однесен во погрешна болница по инцидентот во Мерибел, а со тоа биле намалени шансите за негова рехабилитација. Вакви информации се појавија денеска во медиумите во врска со несреќата на седумкратниот првак во Формула 1. Откако падна на скијање на 29-ти декември минатата година и ја повреди главата, Шумахер најпрво бил однесен во болница во малото гратче Мутие, а дури потоа со хеликоптер бил пренесен во Гренобл.

Михаел Шумахер бил однесен во погрешна болница по инцидентот во Мерибел, а со тоа биле намалени шансите за негова рехабилитација. Вакви информации се појавија денеска во медиумите во врска со несреќата на седумкратниот првак во Формула 1. Откако падна на скијање на 29-ти декември минатата година и ја повреди главата, Шумахер најпрво бил однесен во болница во малото гратче Мутие, а дури потоа со хеликоптер бил пренесен во Гренобл. Со оглед на растојанието од 80 километри меѓу двете места, било загубено драгоцено време и со тоа се намалиле шансите за оздравување на Шумахер, тврди Гери Харстеин, поранешен раководител на медицинските програми на Меѓународната автомобилистичка федерација.

„Пациенти со мозочно – черепни трауми не се транспортираат во болници без неврохирургија. Во случајот како на Шумахер, тоа сигурно води кон влошување на состојбата на пациентот“, објаснува Харстеин.