Почна самитот ЕУ-САД
26.03.2014 14:56
Обама почна разговори во седиштето на ЕС со претседателот на Советот, Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо...

Во Брисел почна денеска состанокот на американскиот претседател Барак Обама со највисоки функционери на Европската унија.
Обама почна разговори во седиштето на ЕС со претседателот на Советот, Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Се очекува поголем дел од разговорите да бидат посветени на воведување санкции спрема Русија по припојувањето на Крим, и за јакнење на трговската соработка ЕУ и САД.
Имаме добра можност да направиме пресек на нашите односи и да трасираме пат за иднината, наведе Барозо во соопштение еден ден пред самитот и додаде дека ЕУ и САД се споени со „незаменливо стратешко партнерство“.
Обама попладнево треба да има средба и со генералнито секретар на НАТО Адрерс Фог Рсамунсен по што ќе отпатува за Рим каде ќе има средба со државниот врв и со папата Франциско.
