Финансиска помош за млади земјоделци

25.08.2021 10:12

На младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата ќе им помогне со неповратна финансиска помош до 20 илјади евра. На огласот кој ќе трае до 29 август може да конкурираат земјоделци до 40 годишна возраст...

Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис  и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства може да побара од државата финансиска поддршка до 600.000 денари.

По одобрувањето на субвенцијата, парите  се исплаќаат најмногу на три рати.

Право за аплицирање имаат земјоделци не постари од 40 години, за финансирање на основните средства за работа, инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агро бизнис.

Документите за аплицирање можат да се превземат од веб страницата на платежната агенција, а се доставуваат лично или по пошта до 29 август до кога трае огласот.

Барателите кои ги исполниле условите се рангираат , а за тие со ист број на бодови предност ќе имаат оние што порано ја доставиле апликацијата. Земјоделеците не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор со платежната Агенција. Целта на оваа програма е да се овозможат поголеми услов за самовработување и почнивање сопствен бизнис на младите лица во руралните средини.

 

Методија Трајков