ДИК

Неделава пристигнуваат првите фингерпринт апарати за локалните избори

25.08.2021 13:04

Според најавите, по царинските формалности, се очекува во понеделник да се изврши примопредавањето и да почне обуката за членовите на избирачките одбори од германските експерти.

Првите двесте терминали за читање на отпечатоци од прст викендов ќе бидат испратени од германската компанија „Дермалог“. Според најавите, по царинските формалности, се очекува во понеделник да се изврши примопредавањето и да почне обуката за членовите на избирачките одбори од германските експерти.

Според новиот правилник што го усвои Државната изборна комисија, полициски службеници првпат на претстојните локални избори ќе го озбедуваат доверливиот материјал, вклучувајќи ги и фингерпринт апаратите.