Фаучи: Ковид-19 во САД би можел да биде ставен под контрола на почетокот од следната година

25.08.2021 11:27

Светската здравствена организација соопшти дека бројките на новозаразени од Ковид-19 стагнираат. М минатата недела во светот имало околу 4,5 милиони нови случаи и 68 илјади смртни случаи.

Главниот медицински советник на Белата Куќа, Ентони Фаучи изјави дека Ковид-19 во САД би можел да биде ставен под контрола на почетокот од следната година. Изрази надеж дека ќе биде одобрена вакцинација и за децата.

Светската здравствена организација соопшти дека бројките на новозаразени од Ковид-19 стагнираат. М минатата недела во светот имало околу 4,5 милиони нови случаи и 68 илјади смртни случаи.

СЗО потенцира дека појавата на загрижувачките варијанти на Ковид-19, вклучувајќи го и многу заразниот делта сој, ја нагласува потребата од зголемување на бројот на вакцини.

Според организацијата, во таканаречена критична фаза е Азиско-пацифичкиот регион.