Најмалку 11 лица загинаа при експлозија во рудник во Колумбија

25.08.2021 11:41

Колумбиското Министерство за рударство соопшти дека во моментот на несреќата во рудникот имало 13 работници кои се наоѓале на длабочина од 500 метри кога се случила експлозијата, предизвикана од преголема концентрација на метан.

Најмалку 11 рудари загинале при експлозија во рудник за јаглен во централниот колумбиски департмент Бојака, на околу 220 километри североисточно од Богота.

Колумбиското Министерство за рударство соопшти дека во моментот на несреќата во рудникот имало 13 работници кои се наоѓале на длабочина од 500 метри кога се случила експлозијата, предизвикана од преголема концентрација на метан.

Ваквите несреќи се честа појава во колумбиските рудници, поради лошите безбедносни стандарди.