Состојбата со Ковид-19 во Прилеп не е алармантна, потребно е да се почитуваат мерките

25.08.2021 13:23

Состојбата не е алармантна, но е загрижувачка и бара крајна внимателност, почитување на мерките и имунизација, оценуваат надлежните во Прилеп. Засега во функција е модуларната, а ако треба и инфективното ќе биде ковид- центар. Граѓаните се загрижени, нема навалица во кафулињата. Зголемен интересот за вакцинација...

За една недела за 50 насто е зголемен бројот на ковид-заразените и на хоспитализираните. Состојбата не е алармантна, но е загрижувачка и бара крајна внимателност, констатираат надлежните во Прилеп. Капацитетите на модуларната болница се две третини полни. Од  20-те хоспитализирани, главно се невакцинирани, но тие што добиле две дози се со полесна клиничка слика.

Заразаните се од сите возрасти и станува збор за фамилијарни кластери. Граѓаните се загрижени, раздвиженоста е намалена.

Засега е доволен капацитетот на модуларната болница за новите пациенти. Но, подготовено е и инфективното одделение.

Ситуцијата го зголеми интересот за вакцинација. На пунктот дневно се околу 1.000 граѓани, повеќето за прва доза. Досега во Прилеп се вакцинирани преку 38.000, од кои 18.000 се со две дози.

Елизабета Митреска