Здравство

21- годишник од Тетово почина од Ковид- 19, немал дополнителни заболувања

25.08.2021 14:08

21- годишно момче од Тетово не ја издржа бритката со вирусот. По десетдневна хоспитализација во Клиничката болница Тетово, ноќеска почина. Од Ковид- 19 починаа уште пет лица од Тетово. Состојбата и натаму загришувачка, причините се бараат во собирите, свадбите...

Момчето било примено на 15-ти месецов со тешка клиничка слика. Состојбата уште повеќе му се влошила синоќа, со многу ниска сатурација, целосно зафатени бели дробови. На помош дошла медицинска екипа од Скопје, но 2- годишникот не издржал, починал околу полноќ.

Д-р Гзим Нуредини, вели дека лицето немало коморбидитети, но според некои неофицијални кажувања на докторите кои го лечеле, станува збор за пациент со некаков синдром, затоа што постојано бил резистентен на терапијата.

Тетовската болница и натаму се полни со ковид пациенти. Има нови 17 приеми за 24 часа и 188 амбулантски прегледи, што укажува дека состојбата нема за скоро да се смири.

Доктор Нуредини повторно го впери прстот кон младите, кои и натаму не почитуваа протоколи и мерки, иако новиот мутиран вирус веќе нишани кон нив.

Апелот за вакцинација и натаму останува, како единствениот спас од вирусот, кој ги напаѓа најчесто неимунизираните. Над 90 % од хоспитализираните во тетовската болница немаат примени ниту една доза вакцина.

 

Зоран Димовски