Образование

Студентите поделени околу моделот за настава

25.08.2021 14:29

Од Министерството за образование ги чекаат препораките од Комисијата за заразни болести за да се утврди на каков начин ќе се следи наставата од септември. Царовска повтори дека постојат две сценарија, но не одговори дали постојат утврдени критериуми при колкави размери на заразеност во училиштата ќе се донесе одлука да се премине на комбинираниот модел или на целосна онлајн настава.

Студентите на УКИМ поделени за моделот на настава, дали да биде он лајн или со физичко присуство. Велат- многу е тешко да се делат студентите на вакцинирани и невакцинирани и ничие право не смее да биде ускратено за слушање на предавањата и полагање на испитите.

Од Министерството за образование ги чекаат препораките од Комисијата за заразни болести за да се утврди на каков начин ќе се следи наставата од септември. Царовска повтори дека постојат две сценарија, но не одговори дали постојат утврдени критериуми при колкави размери на заразеност во училиштата ќе се донесе одлука да се премине на комбинираниот модел или на целосна онлајн настава.

Стипендиите за студентите кои сакаат да се занимаваат со наука и да истражуваат, е еден од начините младите да останат во земјава и да одат на втор и на трет циклус студии, вели деканот на ФЕИТ.
За субвенционираниот студентски оброк може да се аплицира до 31-ви август. До сега се пријавиле 12.800 студенти.

 

Александра Спировска