Земјава ќе згрижи 780 Авганистанци, најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје

25.08.2021 14:59

Согласно последната владина одлука, а на барање на меѓународните организации, на списокот за помош се наоѓаат 780 бегалци од Авганистан.

Согласно последната владина одлука, а на барање на меѓународните организации, на списокот за помош се наоѓаат 780 бегалци од Авганистан.

За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период додека се тука 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците. Најголем дел од нив ќе бидат сместени на преиферијата на Скопје, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Како што претходно информираа од Владата станува збор за демократко, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои во изминатите години работеле за хуманитарни и мировни мисии, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години  биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на Армијата на Македонија.