Битиќи: Одлуката за угостителските објекти е по препорака на Комисијата за заразни болести
Битиќи со резерва за олабавување на рестрикциите. Очекува заразата со Ковид-19 да оди во надолна линија.

За новите мерки се водевме од препораките на Комисијата за заразни болести, тврди вицепремиерот за економски прашања. Битиќи со резерва за олабавување на рестрикциите. Очекува заразата со Ковид-19 да оди во надолна линија.
Ние ги следиме нивните упатства и секоја нивна препорака се разгледува на Главниот кризен штаб и на Влада и како таква се носи како одлука. Искрено не можам да кажам која е епидемиолошката причина зошто тоа се дозволи, но тоа беше препорака од Комисијата за заразни болести и така се постапи, рече Битиќи во одговор на прашањето по која епидемиолошка анализа се донесе вчерашната одлука угостителските објекти повторно да можат да работат во затворен простор со 30 отсто од капацитетите, при денешниот увид во текот на изградбата на фекална канализација во Јурумлери.
Сметам, нагласи, дека во одреден период требаше да има многу порестриктивни мерки и додаде дека според Комисијата за зарасни болести сега најверојатно сме стигнати до пикот на четвртиот брана на Ковид-19 и бројките не би требало да одат нагоре.
Остануваат на сила и другите мерки кои ги поддржавме, а тоа се влезот во угостителските и во другите затворени објекти да биде со сертификат за вакцина и со доказ за прележан Ковид не постар од 45 дена, рече Битиќи.
