Само 44 ромски деца од Битола досега се запишале во прво одделение
На недела дена до почетокот на учебната година само 44 битолски ромчиња се запишале досега во прво оделение од предвидениот образовен опфат, кој брои 170 деца првачиња. Поблемите од различен аспект- несоодветни услови за онлајн настава во време на пандемија, големата сиромаштија, а пред сѐ неинформираноста од бенефитот на образовниот процес...

Иако основното и средното образование се задолжителни, битолските ромчиња се уште во поприличен број се надвор од обазовниот процес. Бројката од само 44 досега запишани првачиња на недела дена до почетокот на учебната година, или 25 проценти од предвдениот образовен опфат делува загрижувачки.
Фелис Алиу од неодамна е дипломиран правник, а од денес во улога на медијатор. Вели ќе се обиде на децата од својата етничка заедница да им објасне што значи да се биде високобразована личност.
Носители на кампањата, дел од невладиниот сектор и ромските здруженија кои добро знаат дека тоа е резултат на социо- економските состјби, старите навики и неинформираноста.
Од битолското основно училиште „Ѓорги Сугарев“ кој важи за образовен центар на ромските деца очекуваат со кампањата и старите уписни навики бројката да достигне до 80-ина првачиња. Велат, состобите се слични и во средното образование.
Дека проблемот е стар и хроничен, говорат и податоците од минатогодишното истражување во населбата Баир. Над 800-ини целосно завршени анкети покажуваат дека од вкупниот број на деца, само 55 проценти посетуваат основно и 24 проценти средно образование.
Стевче Митревски
