Русите решија - Знарок нов селектор!

26.03.2014 16:35

Олег Знарок е нов селектор на репрезентацијата на Русија во хокеј на мраз. Ова решение го донесоа министерот за спорт во руската влада, Виталиј Мутко, и претседателот на руската хокејарска федерација Владислав Третјак.

Знарок е тренер на Динамо, а со „зборнаја“ двапати беше светски првак. Во последните четири години трипати беше прогласуван за тренер на годината во Русија, а во периодот од 2003-та до 2005-та беше на кормилото на селекцијата на Летонија. 51-годишниот Знарок ќе седне на жешката фотелја по неуспехот на руската репрезентација да го освои златниот медал на Олимпијадата во Сочи. Разочарувањето кај домашната јавност беше големо и затоа што составот предводен од Зинетула Билјалетдинов загуби уште во четвртфиналето од Финска. Затоа од Знарок се очекуваат експресни резултати.