Шекеринска: Како земја- членка на НАТО имаме обврска да прифатиме дел од авганистанските бегалци
Како земја- членка на НАТО имаме обврска да прифатиме дел од авганистанските бегалци, вели Шекеринска. Ќе учествуваме со медицински персонал и прес- портпароли за нивна поддршка. И Косово ќе прифати бегалци од Авганистан...

Како земја- членка на НАТО имаме обврска да прифатиме дел од авганистанците коишто им беа поддршка и на нашите сили во мировната мисија.
„Јавноста навреме ќе биде информирана кога првиот авион со авганистански државјани ќе полета од базите кадешто се евакуирани кон земјава“, изјави министерката за одбрана Шекеринска.
Бројката на Авганистанци кои бараат привремен престој во земјава достигна 780, соопштија од Владата.
И Косово ќе прифати Авганистанци, најави косовскиот министер за одбрана Мехај.
Евакуацијата на Авганистанците од Кабул би требало да заврши во наредната недела.
Ирина Гелевска
