Завршена трансплантацијата на срце од починат донор
Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот. Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
Органите се донирани од 42-годишна пациентка. Трансплантацијата на срце е направена кај пациент кој подолго време бил на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-ина години кои одат на дијализа.
Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42-годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани, напиша утринава Филипче на Фејсбук.
Од мај 2020 година досега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега и едно коскено ткиво.
