Од денеска вакцинација без термин и во малата сала од „Борис Трајковски“
Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.

Oд денеска почнува вакцинација во малата сала од спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин, информираат од Министерството за здравство.
Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.
Досега, во земјава вакцинирани со две дози се над 500 илјади граѓани. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
