Челзи се приближува до Диего Коста

26.03.2014 16:36

Челзи го направи првиот потег во обидот да го купи Диего Коста, пишува порталот „goal.com“. Голгетерот на Атлетико Мадрид е цел на менаџерот на лондонските „сини“, Жозе Мурињо“, па претставници на премиерлигашот веќе ги направиле првите контакти коишто би требало да бидат засилени во текот на наредната недела. Наводно, Мурињо инсистирал трансферот да биде договорен пред Светското првенство во Бразил.

Челзи е подготвен да плати 36 милиони евра за раскин на договорот што Коста го има со Атлетико. Ако се случи овој премин, можно е Фернандо Торес да замине во спротивна насока, а се верува дека и Демба Ба почнал да бара нов клуб.