Модниот стил на Французинките

26.08.2021 11:05

Умереноста е нивна карактеристика, не носат нападни и премногу отворени модели на облека. Со задоволство носат комотна облека, која не е тесна.

Французинките се познати како шик и посебни жени. Во што е нивната тајна?

Пред сѐ, тие инвестираат во квалитетна козметика, квалитетни препарати за нега на кожата. Шминката е дискретна, исто се однесува и за изгледот на ноктите.

Умереноста е нивна карактеристика, не носат нападни и премногу отворени модели на облека. Со задоволство носат комотна облека, која не е тесна.

Софистицираноста ја постигнуваат и со одбирање на неутрални бои на облека. Познати се и по дезените на риги.

Умерени се и во модните додатоци, носат помалку, но поквалитетен накит.

Чантите што ги носат не се предимензионирани и тие се исто така помали.

Аида Николовска