Ракомет

Кирил Лазаров со писмо до РФМ

26.03.2014 16:38

„Ве известувам дека по консултациите со лекарскиот тим на мојот клуб ФК Барселона, нема да бидам во можност да присутвувам на собирот на машката ракометна репрезентација. Времето ќе го искористам за тотална рехабилитација за да би можел да одговорам 100 отсто на обврските во останатиот дел од напорната сезона“.

Вака Кирил Лазаров капитенот на македонската машка ракометна репрезентација, преку писмо, го откажа учеството на подготовките закажани од страна на селекторот Ивица Обрван за периодот од 1 до 6 април во Охрид.

Оваа ЕХФ недела беше планирана да се искористи како проверка и собир на она што значи репрезентативен тим.

Потсетуваме на списокот на Обрван беа ставени, 11-те ракометари од РК Металург: Митревски, Манасков, Ојлески, Георгиевски, З.Мојсовски, Н.Маркоски, Димовски, Пецаковски, Јоновски, В.Маркоски и Миркуловски. Потоа 4-ката од РК Вардар, Ангелов, Ф.Лазаров, Прибак и Стоилов, како и исто број повикани интернационалци, Ристовски, Митков, Димитриевски(за прв пат), како и споменатиот Кирил Лазаров.