Образование

Граѓански организации бараат онлајн настава и децата да не учат само од дигитални учебници

26.08.2021 15:10

Поддржувачи на онлајн наставата велат дека немада ги пуштат децата во училиште од први септември поради тоа што сметаат дека актуелната состојба со Ковид-19 носи ризик за физичко присуство. Бараат одлуката да се промени. Министерката Царовска останува на сегашната позиција – од први септември настава со физичко присуство, ако се добие аларм од Комисијата за заразни болести тогаш ќе се размислува за ново сценарио...

Дали детето ќе учи од дома или од училиште треба да биде избор на родителот без да доставува медицински белешки. Владата да ја промени одлуката за физичко присуство во училиштата во време кога имаме илјадници заразени и по 30 починати дневно, бараат од Иницијативата поддршка за онлајн настава која има над 15.000 членови на социјалните мрежи. Тврдат дека во една училнца од 35 квадрати невозможно е децата да одржуваат дистанца и да бидат заштитени.

Министерката Царовска останува на владината одлука – од први септември настава со физичко присуство, но вели доколку се добие аларм од Комисијата за заразни болести, ќе се размислува за ново сценарио кое ќе биде во интерес на учениците.

Нема да ги пуштиме децата да учат по новата наставна програма, велат од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“. Тврдат дека законите и концепцијата се противуставни и ќе поднесат претставки до Уставниот суд. Не сакаат нивните деца како што рекоа да учат и од дигитални уреди наместо од книги.

Родителите бараат средба со министерката Царовска. Ако не се исполнат барањата најавија бојкот и протести.

Викторија Милевска