Политика

Нема одложување на пописот, ќе почне на 5-ти септември

26.08.2021 15:50

„Дајте малку сериозност, попис ќе има“, вели премиерот Заев, коментирајќи ги предлозите на опозицијата за електронско попишување. Според него, надлежните се подготвени за спроведување на статистичката операција. Од ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија, решението е електронско пребројување на населението, без физичко посетување на граѓаните во домовите...

Најголемата статистичка операција, пописот ќе почне на 5-ти септември без оглед на епидемиолошката состојба. Неосновани се барањата на ВМРО- ДПМНЕ за електронски попис на 10-ина дена пред почетокот на препројувањето, во овој период во кој не може да се изменува законот за попис, вели премиерот Заев.

Поради епидемиолошката состојба, за ВМРО- ДПМНЕ решението е во електронски попис. Не смее да се загрозува здравјето на граѓаните, велат опозиционерите и дополнуваат- Заев и Заводот за статистика  да се договорат има или нема доволно попишувачи.

Вчера заврши огласот за попишувачи на Државниот завод за статистика. Доколку не се обезбеди соодветниот број, Заводот ќе ангажира лица со договор на дело од државните институции,  како што веќе беше решено во Владата.

Игор Панов