Бенефитот од странските инвестиции се чувствува во економијата
Од независноста на Македонија до сега околу 4,4 милијарди долари странски капитал е влезен во земјава. Експертите сметаат дека бенефитот на влезените инвестиции веќе се чувствува во економијата. 6.500 работници се досега вработени во странските компании а со најавените 20-тина нови инвестиции се отвара пат за уште 10.000 нови работни места...

За 20 години независна Македонија, во земјава влегле 4,4 милијарди долари странски директни инвестиции, а 1,8 милијарди евра само во периодот од 2007 до 2013 година. Според најавите, нови вложувања од најмалку 20 странски компаниисе очекуваат годинава. Експертите сметаат дека бенефитот на влезените инвестиции веќе се чувствува во економијата.
„Политиката мора да биде на привлекување странски директни инвестиции, особено затоа што тие не се поврзани со дополнително задолжување на државата, понатаму странските претприемачи преземаат ризик поврзан со бизнисот а пренесуваат знаење и искуства и отвораат нови пазари за Македонија“, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
2007 се смета за најдобра година со влезот на половина милијарда евра странски директни инвестиции.Во стопанството постои оптмизам за повторување на трендот.
„Лани имавме за три пати поголемо странско инвестирање во Македонија, имавме250 милиони евра, според сите индикации и годинава кје продолжи трендот“, нагласува извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.
Досега во странските компании се вработени 6500 луѓе, за годинава има најава зауште 10.000 нови работни места.Предизвик ќе биде дасе одржи позитивниот амбиент во економијата, смета Гувернерот.
„Тоа е клучот за поголеми стапки на економски раст, подобрување на бизнис климата, привлекување на странски инвестиции во извозно развиени капацитети и озвоможување подобри услоиви за домашните компании“, вели гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
Народната банка лани евидентираше 251,5 милиони евра странски инвестиции што е 3,5 пати повеќе во однос на претходната година.
Соња Јованова- Наумовска
